Toyota е еден од најголемите светски производители на автомобили, кој продава преку 8.8 милиони модели во 2006 на сите пет континенти. Toyota се наоѓа меѓу првите 10 светски глобални водечки корпорации и е горда што е најзавидуван производител на возила (според Fortune Magazine, 2006 edition), достигнување кое веруваме дека е резултат од нашата посветеност за задоволство на нашите потрошувачи. Toyota е обликувана од збир на вредности и принципи кои имаат потекло од најважните години на компанијата во Јапонија.
Успешното работење на Toyota не се огледува само во продажбата и броевите на профитот, туку исто така и во бројните награди „Возило на годината“ што ги добива низ целиот свет; како и во водечките позиции кои постојано ги добива за разни категории: услуги за купувачите, издржливост на возилата, технологија на моторите, безбедност, економичност и други извештаи за автомобилството. Според листата на стоте први брендови на магазинот Business Week, Toyota е на 11-тото место, како втор автомобилски бренд, по Мерцедес.
Повеќе информации ќе најдете на официјалната веб страница на Тојота за Македонија www.toyota.com.mk

